Герет Бејл соопшти дека планира следната сезона да се врати во Реал Мадрид откако ќе му заврши позајмицата во Тотенхем, каде не е најстандарден во тимот на Жозе Мурињо.
„Мојата клупска иднина нема да ми прави никаква пречка пред Европското првенство. Главна причина зошто дојдов во Тотенхем годинава е тоа што сакав да играм фудбал, а и затоа што сакав да бидам подготвен за Еврошампионатот. Првобитниот план секако беше да одработам една сезона во Тотенхем, а потоа имам уште една година во Реал Мадрид. Искрено, мојот план е да се вратам на „Сантијаго Бернабеу““, изјави Бејл.
Велшанецот со Реал Мадрид освои четири титули во Лигата на шампионите и две титули во Ла лига. Сезонава за Тотенхем одигра 25 натпревари на кои постигна десет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА