Бејл: Повеќе сакам да играм за Велс, отколку за Реал Мадрид

Герет Бејл призна дека повеќе ужива да игра за репрезентацијата Велс, отколку за Реал Мадрид. Бејл не одигра ниту еден натпревар за „кралскиот клуб“ уште од 5. октомври, откако се повреди во претходниот репрезентативец прозорец.

„Повеќе сакам да играм за Велс, отколку за Реал Мадрид. Во репрезентацијата сите говориме ист јазик и поради тоа се чувствувам поубаво. Добро ги познавам сите соиграчи и имам чувстуво како да играм фудбал во маало. Сепак, јас секогаш давам се од себе, без разлика дали играм за клуб или репрезентација“, изјави Бејл. 

Велс во сабота игра со репрезентацијата на Азербејџан, а шансите за пласман на Европското првенство преку квалификациите се минимални.

Се вчитува...