Бејл си пресуди: Заминал од „Бернабеу“, а Ел Класико се уште се играше

Велшкиот интернационалец Герет Бејл дополнително го навлече гневот на фановите на Реал Мадрид откако во шпанските медиуми осамна информацијата дека тој го напуштил „Сантијаго Бернабеу“ додека неговите соиграчи се уште го играа Ел Класико, големото дерби против Барселона. Бејл беше заменет во 61.минута, неколку минути подоцна замина во соблекувалната, а потоа и итно го напуштил „Сантијаго Бернабеу“. Ова и не е прв ваков потег на Герет Бејл, кој истото го стори и пред два месеци на дуелот со Реал Сосиедад.

Велшанецот заслужи свирежи за играта и веројатно револтиран од односот на фановите веднаш заминал од стадионот. Тој и кога ќе постигне гол не го прославува со своите соиграчи. Јасно е дека неговиот однос со сите структури во клубот е нарушен и тој речиси сигурно ќе биде продаден во летниот преоден рок.

Се вчитува...