Бејтулаи: Да внимавеме во Кратово… Симов: Можеме до позитивен резултат против Шкендија

Шкендија не ги крие амбициите сезонава се освојување на шампионската титула. Сето тоа значи максимално сериозен пристап уште на првиот пролетен дуел, денеска од 14 часот на гостувањето против Силекс во Кратово.

„Подготвени сме за предизвикот Силекс. Секој од нас е подготвен да го даде максимумот на секој натпревар затоа што знаеме дека секој противник ќе игра против нас со дополнителен мотив да се победи лидерот. Нема да биде лесно но одиме во Кратово на победа Јасно е дека не смееме да го потцениме Силекс, мора да се внимава, но ќе го дадеме најдоброто на терен, да ги исполниме задачите и да победиме“ – вели капитенот на Шкендија, Егзон Бејтулаи.

Од друга страна огромен е мотивот и кај Силекс пролетта да се стартува со позитивен резултат.

„Ја пречекуваме Шкендија, тим кој дефинитивно е најквалитетен во домашниот шампионат. Очекувам тежок натпревар, но сигурен сум дека моите фудбалери ќе дадат се за да успеат да извлечат поволен резултат. Одиме чекор по чекор и во овој дел од сезоната“ – вели стратегот Горан Симов.

ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР

Велес: БОРЕЦ – ШКУПИ

Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Тетово: РЕНОВА – БЕЛАСИЦА

ПРЕТХОДНО (13.02.2021)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 0-1

Се вчитува...