Бекам го донесе Матуиди во Интер Мајами

Блес Матуиди си замина од Јувентус и се пресели во Интер Мајами, американскиот клуб каде сопственик е Дејвид Бекам. Влијателните италијански медиуми ја толкуваат оваа информација како изненадување со оглед дека Французинот пред извесно време потпиша продолжување на договорот со шампионот на Серија А. Сепак, доаѓањето на Андреа Пирло драстично ја менува ситуацијата во клубот и Матиуди наводно е меѓу првите кои напуштаат.

Преговорите беа завршени експресно, Французинот ги мина и лекарските прегледи, по што го стави својот потпис на договорот со американскиот клуб.

Матуиди беше член на Јувентус од 2017 година, за тимот одигра 98 натпревари, а постигна шест гола. Претходно мина осум години во ПСЖ каде беше дел од 203 средби на кои постигна 23 гола.

Се вчитува...