Бекам: Го сакаме најдоброто во клубот, а најдобри се Меси и Роналдо

Дејвид Бекам не ја исклучува можноста Лионел Меси и Кристијано Роналдо да ги донесе во редовите на неговиот Интер Мајами. Поранешниот репрезентативец на Англија, сега мнозински сопственик на клуб кој се натпреварува во МЛС, има намера да изгради силен тим во кој би биле некои од најпознатите светски фудбалери.

Меси, чиј договор со Барселона истекува ова лето, и Роналдо, кој има договор со Јувентус за следната сезона, се меѓу првите посакувани играчи.

„Знам дека нашите навивачи сакаат да ги видат најголемите sвезди во тимот. Веќе ги имаме Гонзало Игуаин и Блез Матуиди, а во иднина сакаме да ги привлечеме и најголемите. Беа споменати Лео и Кристијано. Тие играат одлично, тие се најдобрите фудбалери во последните 15 години. Ние го сакаме најдоброто. Мајами е привлечен и тоа се играчите што сакаме да ги видиме тука“, рече Бекам.

Меси повеќе пати истакна дека би сакал да ја заврши кариерата во Барселона, но засега нема информации за продолжување на неговиот договор. Во контекст на неговото евентуално заминување од клубот, Пари Сен Жермен и Манчестер Сити се споменуваат како можни дестинации за продолжување на неговата кариера.

Се вчитува...