Бекам ја прими „Претседателската награда“ од Чеферин

Официјалната програма пред ждребот на групната фаза од ЛШ почна со доделување на награда, и тоа онаа претседателската што Александар Чеферин му ја додели на Дејвид Бекам. Првиот човек на УЕФА не го криеше задоволството што ова признание завршува во рацете на англиската фудбалска легенда.

„Дејвид Бекам имаше импресивна кариера освојувајќи бројни трофеи, но исто така и направи многу за промоција на фудбалската игра надвор од теренот. Она што мене лично најмногу ме импресионираше е начинот на кој тој ја искористи моќта на фудбалот за да им помогне на децата од сиромашните земји“ – изјави Чеферин.

Се вчитува...