Бекам претерал со Бентлито, ќе одговара за пребрзо возење

Дејвид Бекам на крајот од месецов ќе одговара пред суд во Лондон за пребрзо возење. Обвинет е дека ја надминал дозволената брзина возејќи го луксузното Бентли. Случајот бил забележан на сообраќајните камери.

Тој ќе  се обиде да се спасува од обвинението за пребрзо возење со „техникалија“.  Главниот аргумент на неговиот адвокат, кој не спори со тоа дека славниот фубалер ја надминал брзината, е дека документите од судот за обвинението пристигнале надвор од законски предвидениот рок.

Поранешниот капитен на Aнглија и на Манчестер јунајтед се изјасни за невин. Ако биде осуден, најголемата казна што би можел да ја добие е привремена забрана за возење.

Се вчитува...