Бекер: Не сакам кодоши, мора да има почит меѓу тенисерите

Борис Бекер жестоко го нападна Ник Кирјос на Твитер. Поранешниот германски тенисер, кој беше и тренер на Новак Ѓоковиќ прв го нападна Ник Кирјос поради неговите неодамни објави на социјалните мрежи. Кирјос јавно го повика Ѓоковиќ поради организацијата на „Адриа тур“, а потоа и Александер Зверев кој излажа дека ќе замине во четиринаесет дневна изолација.

„Не сакам кодоши! Секој кој така се однесува кон колегите спортисти не е мој пријател! Погледнете се во огледало и размислете дали сте подобри од нас“, напиша Бекер. 

На „Адриа Тур“ покрај Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена позитивни беа и Григор Димитров, Борна Чориќ, Виктор Троицки и Горан Иванишевиќ.

Се вчитува...