Бекер обвинет за сексизам поради убавата српска судијка

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер на УС опен работи како стручен консултант, а еден коментар во преносот на мечот меѓу Александар Зверев и Пабло Карено Буста може скапо да го чини. Во еден момент на полуфиналниот меч Бекер изговори реченица за главната судијка, Србинката Маријана Вељовиќ која е окарактеризирана како сексизам.

„Морам  да кажам дека судијката на овој меч е многу слатка. Можеш да ја проголташ со очите“, изјави Бекер за германскиот „Еуроспорт“.

 

Се вчитува...