Бекер: Одлуката е исправна, веројатно најтешкиот момент во кариерата на Новак

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер вели дека е потполно изненаден од последните случувања, но дека одлуката на организаторите на УС опен е оправдана.

„Шокиран сум како и сите. Новак и јас имаме заедничка историја. Се слушаме често. Ова е веројатно најтешкиот момент во неговата кариера. Го прекрши правилото, одлуката е исправна“, изјави Бекер. 

За потсетување првиот рекет на светот е дисквалификуван од УС опен откако при негатива од 6-5 во првиот сет против Карено Буста, несмасно во момент на нервоза ја удри со топче линиската судијка.

Се вчитува...