Јетон Беќири може да биде задоволен од изданието на Шкендија во второто полувреме од денешниот дуел со Шкендија Арачиново, во кој тетовските „црвено-црни“ успеаја да го свртат резултатот и да слават со 3-2 во првиот меч од полуфиналето во Купот на Македонија.
Стратегот на актуелниот првак не го криеше разочарувањето од грешките што ги направи неговиот тим во првото полувреме, што придонесе тетовци да заминат на одмор со негатива.
„Веќе реков дека патникот во финалето ќе се решава на реваншот, уште еднаш се потврди колку интересни можат да бидат куп- натпреварите. Воопшто не сум изненаден од Шкендија Арачиново, знам дека тоа е квалитетна екипа. Ние направивме грешки при нивните два гола, и тоа сериозни грешки, ако сакаме да бидеме сериозен тим не смее да ни се случуваат такви ситуации бидејќи противниците се секогаш супермотивирани кога играат со нас и ги казнуваат тие работи. Сепак, севкупно гледано ми се допадна тимската реакција во второто полувреме, начинот на кој се вративме и победивме. Од претходно беше јасно дека патникот во финалето ќе се решава на реваншот“, изјави Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

