Беќири: Одлучи една грешка во одбраната

Од можност за двојна круна, на крајот до ниту еден трофеј. Екипата на Шкендија го загуби и пехарот во Купот откако во финалето беше поразена од Силекс со 1-0.

Тренерот на тетовскиот тим Јетон Беќири видно разочаран по финалето, на прес-конференција ги искажа своите импресии од натпреварот и од целокупната ситуација во Шкендија.

„Мислам дека одлучи наша грешка во одбрана која што екипата на Силекс ја искористи, и тоа беше пресудно. Имавме неколку шанси, но после тој гол имаше многу малку активна игра и малку шанси. Истрошени сме оваа сезона од многу натпревари. Во првенството загубивме многу важни играчи како Решат Рамадани, Бесарт Ибраими и Роналдо Вебестер. Не можеш да покажеш фудбал во ситуација кога тактиката играше главна одлука“, рече Беќири.

На прашањето зошто не ги примија медалите, Беќири одговори:

„Беше една техничка грешка во тој момент играчите не беа присутни“.

Околу свиркањето на химната од страна на навивачите на Шкендија…

„Не би сакал да коментирам за тој момент“.

 

Се вчитува...