Беќири: Разочарувањето е големо, бевме на секунди до победа

Првакот Шкендија имаше победа против Јагелонија до последните секунди, кога полскиот тим успеа да израмни, а потоа судијата да свирне крај и да ги натера играчите на тетовскиот тим да полегнат на теренот. Штета, голема штета!

Тренерот Јетон Беќири на официјалната прес-конференција по натпреварот не го криеше разочарувањето од пропадната можност да дојдат и до втора победа во групната фаза во Лигата на конференции.

„Разочарувањето е големо затоа што не делеа секунди од победа. Можеби немавме среќа, требаше да постапиме подруго. Одредени моменти посебно во овие последни секунди требаше повеќе да внимаваме.Не бевме добро поставени во одредени позиции, и тоа требаше да го изработиме добро. Ако на минатиот меч триумфиравме во последниот напад, сега загубивме два бода и тоа е тоа“, изјави.

„Бев задоволен со екипата. Тактичката замисла беше да бидеме внимателни во првиот дел, и да одиме на гол во вториот дел. Освен ситуацијата за гол, немаа никакви шанси претходно. Што се однесува до мечот со Дрита, влегуваме со подеднакви шанси и двата тима“, додаде Беќири.

Тој даде одговор на прашањето околу ситуацијата со Зејнулаи, кој во последните мигови од првиот дел за момент изгуби свест.

„Мислам дека ќе биде добро. Треба да направи дополнителни прегледи, но не очекувам да отсуствува подолго“, потенцираше тренерот на Шкендија.

Се вчитува...