Беќири: Шкендија оди на победа, но на ова ниво е тешко да најдеш слабост кај ривалите

Во рамките од 2. коло во Лигата на Конференции, Шкендија на Националната Арена „Тодор Проески“ го пречекува тимот на Шелбурн од Република Ирска.

Тетовските „црвено-црни“ влегуваат во оваа пресметка по први бодови, откако во првото коло беа поразени од шпански Рајо Ваљекано на натпреварот во Мадрид. Тренерот на екипата на Шкендија, Јетон Беќири на прес-конференција ги искажа своите очекувања од утрешниот меч.

„ Имавме доволно време да се подготвиме. Во Скопје игравме добро и на тие квалификациски мечеви во Европа. Иако сме различни по стил со противникот, посакувам со една добра и паметна игра да дојдеме до победа. Направивме добра анализа на противникот, не можеш на ова ниво да најдеш слабости кај ниту еден ривал. Мора да одиграме квалитетно. Се надеваме на добра игра на поддршка од публиката и да дојдеме до тие три бода“, изјави Беќири на денешната прес-конференција.

Стратегот на тетовци се осврна и на премиерата во Конференциската лига на УЕФА, во која Шкендија лесно и убедливо загуби на гостувањето против Рајо Валјекано во Мадрид.

„Пред да играме со Рајо знаевме дека шпанската лига е силна, но кога играш уште повеќе ја чувствуваш таа силина. Видовме како се игра модерен фудбал и не случајно шпанските екипи се секогаш на врвот во европскиот фудбал. Сите ние видовме како треба да се игра врвен и модерен фудбал. Се надевам дека научивме нешто и дека ќе ни послужи за идните натпревари“, прокоментира Јетон Беќири.

Се вчитува...