Беласица договори осум тест дуели, промовиран и Оливер Пеев

Струмичка Беласица низ подготвителниот период за пролетниот дел од сезоната ќе одигра осум пријателски натпревари.

Новиот шеф на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски договори тест дуели со Тиквеш на 21. јануари, со Плачковица на 23. јануари, со Њу Старс на 25. јануари, со Кожуф на 27. јануари, со Раднички од Сремска Митровица на 30. јануари, со Царско Село на 1. февруари, со Слога Виница на 3. февруари и генералката против Брегалница на 6. февруари.

Беласица и официјално го промовираше и засилувањето за средниот ред Оливер Пеев. Нови фудбалери се и Бенјамин Демир, како и младиот Бесир Гуџуфи од Вардар, а има и четворица интернационалци од Србија, голманот Александар Вулиќ, Страхиња Шево, Давор Аврамовиќ и Миленко Мијатовиќ.

Се вчитува...