Беласица е нов фудбалски прволигаш: Голеада за Кожуф, струмичани во елитата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Беласица го декласира Кожуф со убедливи 6-0 и во голем стил обезбеди пласман во Првата фудбалска лига на Македонија. Клубот со голема традиција повторно ќе биде дел од елитата следната сезона по повеќе од една деценија откако и официјално е недостижен за конкурентите во Втората лига Исток.

Серијата голови на Беласица ја започна Пепи Горгиев кој стрелаше во третата и во 31.минута, а пред крајот на првиот дел погоди и Зоран Митевски.

Пепи Горгиев продолжи со одличната реализација и во второто полувреме, постигнувајќи уште два гола, во 56. и во 79.минута, а во листата на стрелците се запиша и Горан Здравков во 60.минута.


Плачковица ја совлада Победа Валандово со 7-2, а Саса беше подобра од Тиквеш и славеше со 1-0.

Утре, со почеток во 17 часот, во Штип ќе се игра дерби натпреварот меѓу Брегалница и Борец, кој е директна борба за второто место на табелата. Во моментот, Борец има еден бод предност пред Брегалница во трката за втората позиција.

 

Се вчитува...