Беласица е спремна за Прва лига – „светна“ подтрибинскиот простор на „Благој Истатов“

Стадионот „Благој Истатов“ во Струмица доби нов лик откако раководството на Беласица прекрасно го декорираше подтрибинскиот простор, заличувајќи на модерен спортски комплекс.

Струмичани се подготвуваат за Прва лига, како првопласирани од Втората лига – Исток сигурно ќе се најдат во елитното друштво, па овој град повторно ќе има два претставници во елитното друштво, Беласица и Академија Пандев.

Со новиот лик на стадионот и подобрените услови за тренинг, повторно постојат сите предуслови за Струмица одново да биде расадник на фудбалски таленти, какви што овој град давал со години наназад на мак-фудбалот.

Се вчитува...