Беласица го претстави Робсон да Силва

Новиот прволигаш Беласица ангажираше квалитетно засилување за враќањето во елитата. Нов фудбалер на струмичкиот тим е бразилскиот интернационалец Робсон да Силва. Фудбалерот за врска доаѓа од редовите на Македонија ЃП, а се карактеризира со одличен преглед на играта и силен и прецизен удар. Тој беше стрелец на неколку прекрасни голови од слободен удар во изминатиот шампионат.

Робсон да Силва денеска и официјално е претставен како ново засилување на Беласица на стадионот „Младост“ во Струмица.

Се вчитува...