Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, вчера присуствуваше на дерби натпреварот од Втората фудбалска лига Исток меѓу Беласица и Борец. Тој навиваше за струмичкиот тим, а мечот го проследи со вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој е и спонзор на фудбалскиот клуб Борец. Беласица оствари триумф, а потоа и двајцата беа гости на домаќинот Беласица.
Претседателот на ФК Беласица, Славчо Васков – Пинда, на премиерот Зоран Заев му подари монографија „95 години ФК Беласица“, и знаме и дрес од ФК Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА