На Градскиот стадион „Благој Истатов“ вчера беа одбележани 104 години од постоењето на ФК Беласица – клуб кој повеќе од еден век претставува нераскинлив дел од идентитетот на Струмица.
Во рамки на свеченоста, плакети им беа доделени на седумтемина фудбалери со најмногу настапи за клубот, додека врамени дресови им беа врачени на спортските легенди Дончо Георгиев и Љупчо Макфов. Со спомен-плакета Беласица му оддаде почит и на Петре Анчиев.
Доделeни беа плакети на играчите со најмногу натпревари: Петар Андреев, Милан Василев, Ристо Панов, Костадин Секулов, Томе Стојанов, Дончо Георгиев, Љупчо Мафков и Мите Георгиев- Шеки.

„Беласица ќе продолжи и понатаму со оддавање на признанија на свои поранешни фудбалери, преку врамени дресови и плакети. Во следниот период следуваат признанија за: Панче Пантазиев, Томе Ефтимов, Тони Атанасов, Ванчо Костов – Манго, Горан Стојановски, Васко Георгиев, Марјан Илиев, Ванчо Дрвошанов, Благој Митев…“ – информираат од клубот.
Беше промовиран и новиот веб-сајт на ФК Беласица, кој ќе претставува уште едно место за зачувување и споделување на богатата историја, успесите и спомените поврзани со струмичката фудбалска гордост.
Прославата беше заокружена со натпреварот меѓу Беласица и Детонит, кој донесе вистинско спортско уживање за присутните на стадионот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
