Беласица промовираше шест засилувања за пролетниот дел (ФОТО)

На првиот ден од стартот на подготовките под палката на новиот тренер Ѓоре Јовановски, струмичка Беласица денеска официјално ги промовираше и првите шест свои засилувања.

Нови фудбалер на Беласица се фудбалерот од средниот ред Оливер Пеев, кој пристигнува од редовите на Борец, како и Бенјамин Демир, додека од соседна Србија клубот го засилија Александар Вулиќ на голманската позиција, како и дефанзивецот Страхиња Шево, фудбалерот за врска Давор Аврамовиќ и напаѓачот Миленко Мијатовиќ.

ФОТО: Дрнка.мк

Се вчитува...