Иранската репрезентација доби американски визи за учество на Светското првенство.
Визи се издадени на играчите на националниот тим и на основниот персонал. Во меѓувреме, администрацијата на Трамп издаде остри изјави во врска со следењето на иранската делегација.
„Визите потребни за Иран да учествува на Светското првенство, вклучувајќи ги и визите за спортистите и потребниот помошен персонал, се издадени. Нема да дозволиме иранските власти да го злоупотребуваат овој систем за шверцување терористи во САД под лажни изговори“, изјави официјален претставник на Белата куќа.
Иранската фудбалска федерација објави дека не сите членови на делегацијата добиле визи. Според федерацијата, 13 лица останале без визи, вклучувајќи го претседателот на фубалската федерација Мехди Таџ, и шефот на безбедноста, Мехди Малекабад.
Федерацијата ја повика ФИФА да интервенира во ситуацијата.
„ФИФА, како одговорно управно тело, е должна да го следи ова и да обезбеди визи за членовите на персоналот на иранската репрезентација кои моментално се со тимот во кампот и чие присуство е потребно од тимот сè додека проблемот не се реши целосно“, се вели во соопштението на FFIRI.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
