Белгија, Германија и БиХ – противнички на Македонија во квалификациите за Евробаскет 2023

Македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација денеска на ждрепката која се одржа во Минхен ги доби противниците за престојните квалификации за Евробаскет 2023 кои ќе се одржат во три „прозорци“ помеѓу 11. и 14. ноември, 2021 година, 24-27. ноември 2022 година, и 24. до 27. февруари 2023 година.

Противнички на Македонија во групата „А“ ќе бидат репрезентациите на Белгија, Германија и Босна и Херцеговина, а место во следната фаза ќе обезбеди првопласираната екипа, како и четирите најдобри селекции кои ќе завршат како второпласирани од десетте групи.

Се вчитува...