Белгијците имаат страшен напад за СП…Лукаку, Мертенс, Батшуаи, а настрада Костарика

Белгија имаше одлична проверка на моментната форма пред стартот на Светското првенство. Селекцијата на Роберто Мартинез ја совлада Костарика со убедливи 4-1 и потврди дека ќе биде еден од фаворитите во сенка на претстојниот мундијал во Русија.

Костарика прва поведе на овој пријателски меч преку Брајан Руиз, но потоа Белгијците ја покажаа својата сила. Дрис Мертенс израмни, а Ромелу Лукаку ја доведе својата селекција во водство пред одморот. Во вториот дел, Ромелу Лукаку уште еднаш се запиша меѓу стрелците, а Мичи Батшуаи го постави конечниот резултат.

Се вчитува...