Белгијците во паника, се повреди Компани

Фудбалската репрезентација на Белгија се соочува со сериозен проблем на десетина дена пред почетокот на Светското првенство во Русија. Се повреди дефанзивецот Винсент Компани, кој се пожали на повреда на препоните на пријателскиот меч против Португалија, кој заврши без голови.

Компани беше повлечен од игра на стартот од второто полувреме и ќе биде во трка со времето за настап на мундијалот. Тој во текот на денешниот ден ќе мине детални лекарски прегледи, по што ќе биде познато дали се работи за сериозна повреда.

Белгија се наоѓа во групата Г на мундијалот, заедно со селекциите на Англија, Тунис и на Панама. „Црвените ѓаволи“ првиот меч против Панама ќе го играат на 18 јуни.

Се вчитува...