Матеј Белистојаноски испиша историја носејќи злато за Македонија на Медитеранските игри во Таранто, а македонскиот каратист не го криеше задоволството по најголемиот успех во досегашниот дел од кариерата.
Белистојаноски забележа неколку импресивни победи во Таранто, кои нема сомнеж дека ќе му ја кренат самодовербата пред наредните предизвици во кариерата.
„Се почувствував горд во тие моменти затоа што знаев дека сите ќе стојат исправено на македонската химна, помислив на мојот клуб, моето семејство и колку горди ги направив со ова злато. Во ниту една борба немав притисок, бев сконцентриран и тактички подготвен, верував во себе во секој момент и тоа придонесе да го освојам ова злато и да ја направам Македонија горда. На сите ќе им препорачам да веруваат во себе, да тренираат и никогаш да не се откажуваат затоа што се е можно, никогаш не знаеме што може да донесе спортот. Ова е моја година затоа што станав и европски и медитерански шампион и тоа е голем успех, среќен сум што ја направив Македонија во горда. Но, јас сум млад и времето е пред мене, се надевам дека некогаш каратето ќе се врати на Олимписките игри и ќе имам можност да освојам олимписки медал“, изјави Белистојаноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
