Челниците на Струга ТЛ денеска се пофалија со нови важни потписо, успевајќи во своите редови да го доведе Егзон Белица, искусниот дефанзивец кој доаѓа од редовите на Работнички, како и голманот Андреј Јовчевски.
Белица неколку сезони беше и капитен на „романтичарите“, но по испаѓањето од елитното друштво реши да го напушти Работнички, избирајќи го токму родниот град како следна дестинација во кариерата.
Белица е роден во 1990 година во Струга во септември 1990 година, но својата професионална кариера ја почна во Албанија како член на Беса. На 20-годишна возраст доаѓа во мак-фудбалот како член на Работнички, а во нашата земја настапуваше уште и за Шкендија Тетово и за Охрид лихнидос. Воедно, тој низ кариерата имаше и бројни меѓународни предизвици, како член на Рига во Летонија, Конкордија во Романија, Интер Турку во Финска, Партизан Тирана во Албанија, Приштина во Косово…
Стружани вечерва го официјализираа и трансферот на голманот Јовчевски, кој доаѓа од редовите на Пелистер и исто како и Белица, реши да ги смени клупските бои откако неговиот доскорешен тим испадна од елитното друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
