Македонија трета на Европското сениорско првенство во традиционално карате!

Македонската репрезентација во традиционално карате на 38. ЕТКФ Европски шампионат за сениори, јуниори и кадети освои вкупно 20 медали – 4 златни, 6 сребрени и 10 бронзени, со што Македонија го освои третото место во генералниот пласман.

Најуспешен македонски натпреварувач беше Матеј Мангаровски, кој во јуниорска конкуренција освои 3 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал.

Одличен настап имаше и Матеј Јарчевски, кој освои 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали во младинска и сениорска конкуренција.

Камелија Недев освои 2 сребрени и 2 бронзени медали во јуниорска и сениорска конкуренција, Лика Билбилов се закити со 1 сребрен медал, Софија Јарчевска освои 3 бронзени медали, а Јана Милевска освои 2 бронзени медали во кати, поединечно и екипно, во сениорска конкуренција.

Во генералниот пласман, Италија го освои првото место, Полска второто, а Македонија третото место.

На Европскиот шампионат настапија 265 натпреварувачи од 12 земји.

Шампионатот свечено го отвори Дејан Недев, во својство на претседател на Европската федерација за традиционално карате (ЕТКФ).

Се вчитува...