Кадетската репрезентација на Македонија денеска во 19 часот, во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје го одржа собирот, со што официјално започнаа подготовките за претстојното Европско првенство.
Подготовките ќе се реализираат од 6 до 8 јули во Скопје, по што репрезентацијата на 8 јули ќе замине на подготовки во Австрија, каде ќе престојува до 15 јули. Потоа, кадетите се враќаат во Скопје.
Во рамките на подготовките, нашите кадети ќе одиграат и два пријателски натпревари против репрезентацијата на Грција на 18. и 19. јули. Македонија ќе настапи на Европското првенство, кое ќе се одржи во Белград, Србија, каде во групната фаза ќе ги одмери силите со: Словенија, Франција и Швеска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
