Вардар го одработи официјалниот тренинг пред кам-бекот во ЛШ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шампионот на Македонија, Вардар утре ќе го има своето деби сезонава во европските натпреварувања, откако на домашен терен ќе го пречека фински Купс, во натпревар од 1. коло од квалификациите во Лигата на шампионите.

Во добра атмосфера Кристијан Фабијани и неговите фудбалери го одработија официјалниот тренинг, пред кам-бекот во елитата за кој скопскиот тим чекаше дури девет години.

Натпреварот меѓу Вардар и Купс ќе се игра утре со почеток во 19 часот.

 

Се вчитува...