Фудбалскиот клуб Пелистер денеска официјално информираше дека, по истекот на договорите, ја завршува соработката со шест фудбалери.
Зелено-белиот дрес повеќе нема да го носат капитените Мирко Ивановски и Александар Ристевски, како и Андреј Јовчевски, Давид Ангелевски, Филип Бошковски и Вилдан Керим.
„Во името на клубот, искрено им благодариме за професионалниот однос, пожртвуваноста, посветеноста и придонесот што го дадоа во изминатиот период. Со својата работа, карактер и борбеност, секој од нив остави свој белег во зелено-белиот дрес и беше дел од приказната на Пелистер. ФК Пелистер им посакува многу здравје, среќа и успех во понатамошниот тек од нивните кариери, како на професионален, така и на личен план“ – порачаа од ФК Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
