Португалија на колена – Роналдо ќе сонува титула, Шпанците во 91. минута до четвртфинале (ВИДЕО)

Во најголемата дерби-пресметка на осминафалните дуели на Светското првенство 2026, Шпанија славеше против Португалија со 1-0 и си обезбеди пласман во четвртфиналето на Мундијалот.

Голот за голема победа на Шпанците им го донесе Мерино со погодокот во првата минута од судиското продолжение.

Иако, во главно мирно второ полувреме, и кога се очекуваше дека натпреварот ќе оди во продолженија, на крај во 91. минута Мерино погоди по одличната акција за победа на Шпанија од 1-0.

А, претходно, бурно првото полувреме одиграа двете селекции на дуелот во Далас.

Ојарзабал и Олмо имаа зицери кај Шпанците, а Кристијано Роналдо со одлична можност кај Португалија, заедно и со Мендеш кој ја погоди гредата од голот на Шпанија.

Бернардо Силва имаше шанса во 96. минута за да донесе израмнување но не успеа да реализира.

Се вчитува...