Белодедичи: Србите се војнички народ, во Звезда половина играчи имаа оружје

Два масакри во Србија однесоа 17 животи за помалку од 48 часа. Трагичните вести од Србија се најдоа на насловните страници во многу земји од регионот, но и во светот.

За големата трагедија се говори и во романските медиуми каде поканет беше  поранешниот европски првак со Црвена звезда – Миодраг Белодедичи. Тој во живо во програмата рече дека Србите се народ кој поседува многу оружје.

„Србите се војничка нација. Кога бев во Звезда, повеќе од половина од тимот имаше оружје. Понекогаш, кога добивавме натпревар, поединци вадеа пушка и почнуваа да пукаат. За чиста забава, тоа беше нивниот начин на славење. Имаа оружје. Се случило и да пукаат еден во друг. Имаше еден Биниќ, кој играше на десната страна. Во една прилика дојде со полна торба со оружје во соблекувалната и ни покажа како се пука… Беше неверојатно и лудо време во Србија. И секако, беше многу опасно“, изјави Белодедичи. 

Се вчитува...