Белорусија прва во финале, таму ја чека Македонија

Белорусија е првиот финалист на ЕХФ шампионатот во Скопје за ракометари до 20 години, каде оваа селекција за ривал ја очекува Македонија доколку нашите репрезентативци во 20 часот ја оправдаат фаворитската улога на дуелот со Фарските острови.

Ракометарите од Белорусија играа импресивно во групната фаза, а во ист стил продолжија и на денешното полуфинале против Швајцарија, славејќи со 33-27. Белорусите ја контролираа играта во текот на сите 60 минути, јасно ставајќи до знаење дека Швајцарците немаат што да бараат во оваа полуфинална пресметка. Составот на Швајцарија успеа да се приближи до 29-26, но тоа беше се што можеа да сторат, па Белорусија заслужено го визираше пласманот во големото финале.

Се вчитува...