Белорусите, први финалисти на Ф4 турнирот во Скопје

Одбојкарската репрезентација на Белорусија е првиот финалист на завршниот Ф4 турнир од Сребрената Европска лига што се одржува во Скопје. Со надмоќна игра, Белорусите ја совладаа Летонија со 3-0 во сетови и во утрешното финале ќе го очекуваат победникот од вечерашната пресметка меѓу Македонија и Хрватска.

Белорусија покажа дека е апсолутна поквалитетна одбојкарска селекција од Летонија. Првиот сет го доби со 25-18 и најави брз финиш на првото полуфинале. Летонија даде малку посилен отпор во вториот сет, но и тој го загуби с 25-22, а потоа и комплетно се распадна.

Белорусите ја дозавршија добро започната работа во третиот сет, го добија со 25-15 и практично со половина сили обезбедија пласман во големото финале на Ф4 турнирот од Сребрената Европска лига.

Вториот полуфинален натпревар меѓу Македонија и Хрватска на програмата е од 20 часот.

Се вчитува...