Кошаркарот на Мајами Хит, Бем Адебајо има намера да го продолжи договорот со НБА клубот на уште три години за 166 милиони евра.
Според извор на „Асошиејтед прес“, еден од најдобрите дефанзивци во лигата може да потпише договор на 6. јули.
Капитенот и стартниот центар на Мајами има уште две години од договорот и уште 72 милиони долари кои треба да ги заработи. Адебајо беше драфтуван од Мајами во 2017 година и 26-годишниот американски репрезентативец оттогаш е во клубот.
Адебајо беше избран во најдобриот одбранбен тим во лигата во последните пет сезони, а тој ќе биде дел од селекцијата на САД на претстојните Олимписки игри во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА