Американскиот тенисер Бен Шелтон го освои АТП турнирот во Штутгарт, победувајќи го својот сонародник Тејлор Фриц со 6:4, 2:6, 6:4 во финалето денес.
Мечот траеше еден час и 49 минути. Шелтон е рангиран на петтото место во светот, додека Фриц е деветти на АТП ранг-листата.
Ова беше петти дуел меѓу двајцата американски тенисери, а четврти триумф за Шелтон, кој со победата на турнирот во Штутгарт стигна до шестата титула во кариерата, а трета оваа сезона.
АТП турнирот во Штутгарт се играше за награден фонд од 757.320 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
