Бенатија со анегдота за Кристијано: Тој не е нормален…

Меди Бенатија и Кристијано Роналдо минаа кратко време заедно во Јувентус, но мароканскиот интернационалец го привлече вниманието на јавноста откако обелодени случка со Португалецот, која само ги потврдува неверојатните работни навики на Кристијано.

Се враќавме со автобус од Бергамо, јас и Кристијано не игравме бидејќи три дена подоцна имавме поважен натпревар. На враќање тој ма праша што ќе правам кога ќе стигнеме во Торино, му одговорив дека во 23 часот можам само да одам дома. Тогаш Роналдо ми рече: Сакаш ли да тренираме заедно? Не се испотив на натпреварот, морам да тренирам, сакаш ли да ми правиш друштво“ – се присети Бенатија во разговор за „РМЦ Спорт“.

Мароканецот не знаел што да му одговори на ова прашање на соиграчот.

„Не знаев што да кажам, па почнав да објаснувам како е доцна, сакам само да стигнам дома и да гледам малку ТВ. Кога стигнавме, тој си облече нови патики и тргна во салата за вежбање. Си помислив дека не е нормален, но мора да го почитувате она што го прави, тој го има посветено целиот живот на фудбалот“ – вели Бенатија.

Се вчитува...