Бенфика доби Германец за тренер

Германецот Роџер Шмит е назначен за нов тренер на Бенфика. Шмит досега го водеше тимот на ПСВ, а денеска потпиша договор со славниот тим од Лисабон.

„Убаво ми е во Лисабон, го сакам овој клуб. Сакам да играме убав фудбал. Дојдов во еден од најдобрите клубови во светот и среќен сум за шанста што ми е дадена. Верувам дека со некои корекции ќе направиме тим кој ќе се бори за титула идната сезона, и ќе биде успешен во Европа. Има голем квалитет во екипата, сега со уште подобра страгедија верувам дека ќе бидеме уште подобри“, рече Шмит.

Покрај ПСВ, во минатото Шмит беше тренер на Падеборн, Салцбург, Баер Леверкузен, а работеше и во кинески Пекинг Гуан.

Се вчитува...