Бенитез го враќа Фернандо Торес во Премиер – лигата?

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, би можел повторно да се врати во Премиер – лигата во јануарскиот преоден рок. За него постои интерес од Њукасл, чиј менаџер е Рафаел Бенитез. Исто така, и Саутемптон има желба да го види Шпанецот во своите редови.

Торес ќе добие дозвола да си замине од „Ванда Метрополитано“, со оглед дека Диего Коста ќе биде регистриран во Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок. Оваа сезона тренерот Диего Симеоне не го користи премногу, и досега настапил само 182 минути во Ла Лига во дресот на „јорганџиите“.

Фернандо Торес во текот на кариерата настапуваше за Ливерпул и за Челси во Премиер – лигата.

 

Се вчитува...