Бенјамин Демир потпиша за Спартак Суботица

Младинскиот репрезентативец Бенјамин Демир својата кариера ќе ја продолжи во српскиот суперлигаш Спартак Суботица со кого денеска и официјално потпиша двегодишен договор.

22-годишниот Демир, по преселбата на Скопје во Втората лига, се одлучи повторно да се врати на интернационалната кариера реализирајќи трансфер во тимот од Суботица кој ова лето ќе се натпреварува и во квалификациите за Лигата на Европа.

Демир претходно во својата кариера има настапи и за домашните Тетекс, Работнички и Пелистер како и за хрватскиот Интер Запрешиќ.

Се вчитува...