Беноа Пер „дивееше“ во Рим, но доби само опомена (ВИДЕО)

Еден од најконтроверзните тенисери на денешницата Беноа Пер повторно имаше свое шоу, овојпат во првото коло од Мастерсот во Рим. На Пер едноставно не му се играше, но во еден час поминат на теренот, прикажа буквално се од својот богат репертоар.

Клучен момент за почеток на неговото шоу беше еден негов сервис кој беше добар, но Французинот побара главниот судија да ја промени одлуката и да свири аут. Тој почна жестоко да се кара по што и покрај тоа што гемот се уште траеше се упати кон своето столче каде продолжи караницата со главниот судија. Следуваше одбивање да се врати на теренот, барање лекарска екипа да дојде бидејќи се чувствува повредено и не може да продолжи, а потоа и фрлаше рекети, но и шише со вода на теренот. Сето тоа помина само со опомена, а голем дел од фановите на Ѓоковиќ бурно реагираа велејќи „За вакви испади се добива само опомена, додека Новак кој несакајќи ја удри главната судијка на УС опен, доби директна дисквалификација“. 

 

Се вчитува...