Бентеке отпадна од составот на Белгија, Компани и Јанузај одат на СП

Напаѓачот Кристијан Бентеке и дефинитивно нема да може да биде подготвен за настап на Светското првенство во Русија и отпадна од конечниот список на селекторот Роберто Мартинез. Лекарскиот тим процени дека неговата повреда нема да биде навреме залечена за да може да настапи на мундијалот.

Од друга страна, Винсент Компани и покрај повредата на препоните која ја заработи на пријателскиот меч со Португалија, ќе биде вклучен во ростерот од 23 фудбалери. Шанса добива и Аднан Јунузај, кој беше неизвесен откако претходно го пропушти Европското првенство во 2016 година.

Во составот на селекторот Роберто Мартинез се вклучени носителите на играта на Белгијците, како Кевин де Бруин, Еден Азар, Ромелу Лукаку и Дрис Мертенс.

Се вчитува...