Бензема: Бев помошник за Роналдо, сега сум лидер

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема игра одлична сезона. Тој е прв стрелец на „кралскиот клуб“  со 20 гола во сите натпреварувања, а само во февруари постигна повеќе погодоци од целата мината сезона. Французинот вели дека тоа се должи на слободата што ја има по заминувањето на Кристијано Роналдо.

„Претходно играв за Роналдо. Секогаш се трудев да му помогнам да постигне што повеќе голови. Сега сум слободен да го играм мојот фудбал. Бев во сенка, но дојде и мојот ред, да покажам дека и јас можам да постигнувам голови“ – вели Бензема.

Во претходните две сезони, кога Роналдо беше прва ѕвезда на тимот, Бензема имаше далеку послаб учинок. Во сезоната 2017/18 постигна 12 гола на 47 одиграни натпревари, а сезоната претходно имаше 19 гола на 48 средби.

 

 

 

Се вчитува...