Бензема е херојот на „кралевите“ за нова победа (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја продолжува битката за шампионската круна во Шпанија, победувајќи со 1-3 на гостувањето против Селта Виго во 28. коло од Ла Лига.

Карим Бензема е херојот на „кралевите“ за трите бода, постигнувајќи ги двата погодоци уште во 20. и во 30. минута со кои беа најавени трите бода.


Домашните успеаја да ублажат со голот на Мина во 40. минута, но Асенсио во 94. минута ги постави конечните 1-4.

Реал Мадрид сега е повторно на три бода од лидерот Атлетико Мадрид, кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...