Бензема е најдобриот француски фудбалер во историјата на ЛШ

Реал Мадрид со предност од 1-3 ќе го пречека Челси за две недели на „Сантијаго Бернабеу“ во реваншот од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Најголем виновник за триумфот на „кралевите“ во Лондон беше неверојатниот Карим Бензема кој постигна три гола на овој натпревар, нешто што му успеа и во осминафиналето против Пари Сен Жермен.

Со двата гола во првото полувреме Бензема стигна до бројката од десет во елитата со што стана првиот француски фудбалер кој стигнал до оваа бројка во една натпреварувачка сезона. Претходно во елитното европско натпреварување тоа му успеало само на легендарниот Жист Фонтен кој стигна до бројката од десет погодоци во Европскиот куп во сезоната 1958/1959 година.

 

Се вчитува...