„Бензема е најдобриот напаѓач на светот… подобар и од Левандовски“

Реал Мадрид се пласираше во следната фаза од Лигата на Шампионите откако во ревнаш дуелот против ПСЖ на „Сантијаго Бернабеу“ славеше со 3-1 благодарение на одличниот Карим Бензема кој со три гола за 17 минути донесе целосен пресврт за својот тим.

По натпреварот пофалби за одличната партија на Французинот имаше од сите страни, а зборови не штедеше ниту голманот Куртоа кој вели дека неговиот соиграч е најдобриот напаѓач на светот.

„Карим Бензема е најдобриот напаѓач на светот. Тој е најдобрата „деветка“ во фудбалот. Левандовски исто така даде хет-трик, но со два гола од пенал. Картин покажа кој е најдобар. Покажа дека мора да биде подобро рангиран во трката за Златната топка. Денеска трчаше, се бореше па и покрај тоа што куцаше продолжи да се бори“, вели Белгиецот.

Се вчитува...