Бензема е „убиец“ на противниците во ЛШ: Даде гол и го врати Реал во живот на „Етихад“ (ВИДЕО)

Карим Бензема во 33. минута го намали резултатот и практично ја прекина доминацијата на Сити. Тимот од Манчестер има за што да жали, затоа што Махрез и Фоден имаа стонастотни шанси за 3-0, меѓутоа откако не беа искористени, „убиецот“ на противниците Бензема постигна гол за 2-1. 

Не само тоа, Реал веднаш тргна и по втор гол, Родриго имаше шанса, но одбрани Едерсон.

Овој гол многу ќе значи за Реал, не само на овој меч, туку и на реваншот во Мадрид. Сега имаат и тоа како активен резултат а се чини дека полека воспоставија рамнотежа на теренот.

Се вчитува...