Реал Мадрид ќе биде сериозно ослабен на контролниот дуел против Барселона, што ќе се игра на 23 јули на стадионот во Лас Вегас. Карим Бензема, кој беше најзаслужен за фантастичната сезона на „кралевите“ и освоените трофеи во Ла Лига и во ЛШ, нема да патува со остатокот од тимот за САД, откако доби дополнителни денови одмор.
Овој 34-годишен фудбалер имаше проблеми со повредите пред крајот на ланската сезона, поради што тренерот Анчелоти реши да му дозволи подолг одмор во однос на останатите. Поради тоа Бензема нема да полета со остатокот во тимот, туку ќе се приклучи на екипата на 19 јули во Лос Анџелес.
Тоа значи дека голгетерот ќе има само три дена тренинзи пред „Ел Класико“, а Анчелоти веќе ставил до знаење дека нема намера да го ризикува неговиот настап. Бензема ќе продолжи со тренинзи со остатокот од тимот и се очекува да добие триесетина минути на вториот контролен дуел во САД, против Америка што ќе се игра во Сан Франциско на 26 јули. Три дена подоцна Реал во Пасадена за ривал ќе го има Јувентус, меч за кој доколку нема проблеми Бензема би можел да се најде и во стартниот тим на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА